Тажна вест од Ресен: Претседателот на РК Преспа почина од коронавирус

Спортот во Ресен денеска е завиен во црно, откако првиот човек на РК Преспа, Илче Котевски, ја загуби битката со коронавирусот. Министерството за Здравство денеска информираше дека е починат пациент (41г) од Ресен, за подоцна да биде обелоденето дека станува збор за претседателот на ракометниот клуб од овој град.

„Почивај во мир претседателе. Денеска на жалост ракометниот клуб Преспа, загуби член од семејството, човек кој придонесе премногу за овој ракометен клуб! Секогаш ќе живееш во нашите срца!! – соопштуваат од РК Преспа.

Се вчитува...