Тажна вест – Почина легендарниот Џери Слоун

Тажна вест ни доаѓа од Соединетите Американски Држави и НБА лигата. Легендарниот тренер на Јута Џез, Џери Слоун, по долго борба со Паркинсонова болест, почина во 78 година од животот.

Џери Слоун на клупата на тимот од Солт Лејк Сити беше дваесет и три години. Најзапаметен ќе остане по генерацијата во која ги водеше Карл Мелоун и Џон Стоктон која на два наврати едно по друго играше во финалната серија каде беа поразени од Чикаго Булс.

 

Се вчитува...