Тажна вест почина поранешна фудбалерка на ЖФК Кочани

Тажна вест доаѓа од Кочани, од каде женскиот фудбалски клуб од овој град се прости со својата поранешна фудбалерка Теодора Димитровска.

„Со длабока тага и неверување ја примивме веста за нашата поранешна членка, Теодора Димитровска. Теодора беше дел од семејството на ЖФК Кочани и, иако веќе неколку години не беше активен член на нашиот клуб, засекогаш ќе остане дел од нашата заедничка историја и убавите спомени. Во овие тешки моменти, упатуваме најдлабоко сочувство до семејството, најблиските и сите оние кои ја сакаа Теодора. Почивај во мир, Теодора. Засекогаш ќе бидеш дел од нашето семејство“, стои во соопштението на Кочани. 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @wfc.kocani

Се вчитува...