Тажна вест: Прерано почина поранешен одбојкарки репрезентативец

Tажна вест за струмичката одбојка. Денеска почина Дени Стојчев, поранешен одбојкар на Џио Струмица и на македонската репрезентација во помлади категории, информираат од Одбојкарската федерација на Македонија. Стојчев играше на позиција либеро во кадетскиот и во јуниорскиот национален состав, а во матичниот клуб настапуваше до 2009 година.

Прераната смрт на Дени Стојчев предизвика неверување кај сите во неговиот град и кај пошироката одбојкарска јавност кај нас. Имаше 32 години.

Се вчитува...