Тажната приказна за Прилеп: Изгубена спортска традиција (ВИДЕО)

Повеќе од тажна е приказната за спортот во Прилеп, градот кој некогаш важеше за темел на се што е спортско и во Македонија.

Повеќе од жална е моменталната на Градскиот стадион во Прилеп, но и на останатите инфраструктурни спортски капацитети… Повеќе од тажна е ситуацијата и буквално со сите спортски колективи во градот кои, наспроти големите компании како „Витаминка“ или „Прилепска пивара“ кои само на хартија ја потенцираат општествената одговорност, мака-мачат да обезбедат финансиски услови за основно функционирање.

Таквата ситуација со спортот во градот под Марковите кули буди желба во спортската јавност во градот за „разгорување“ на размислувањата да се стави точка на сето тоа. Токму од таму и видеото кое треба да допре до секого во државава…, а како потсетување каде беше некогаш спортот во Прилеп и каде е денес.

„Не би сакале ова видео да добие политичка нота, ниту да остави впечаток дека сме зазеле некаков политички став или политичка страна. Ние преку видеото сакаме да прикажеме некои општествени проблеми кои би требало да се решат или подобрат (овој пат станува збор за условите во спортот во Македонија). За сценариото е виновен Гоце Ангелески, потпомогнат од Јосиф Трајкоски. Улогите ги толкуваа Гоце Ангелески, Јосиф Трајкоски и најмладиот потенцијален глумец Ангел Мошков. За гласот во видеото должни сме на Бобан Спиркоски. Техничкиот дел, камера и монтажа е дело на Гоце Трајкоски“ – велат во своето обраќање пред јавноста авторите на видеото кое треба да поттикне конечно да се почне да се решава прашањето за спортот во Прилеп.

Се вчитува...