Тажната судбина на славните браќа Чарлтон

Браќата Чарлтон се едни од многуте во низа роднини во светот кои не успеа да ги поправат односите. Смртта на постариот, Џеки засекогаш го раздели тандемот кој на Англија во 1966 година и го донесе единствениот триумф на Светските првенства.

Џеки го помина животот во сенка на помладиот брат иако во јавноста беше перцепиран како самобендисан и лаком за разлика од повлечениот и срамежлив брат.  Целата кариера ја помина во Лидс, додека Боби стана легенда и еден од најдобрите фубалери во историјата на Манчестер Јунајтед.

Нивниот однос да се расипе имаше потенцијал уште на самиот старт. Додека Џеки играше во Лидс, Боби веќе беше голема ѕвезда во Манчестер Јунајтед и многупоценет во англиската репрезентација бидејќи беше играч за врска и не му беше важно само постигнување на голови како на неговиот брат.

Семејството Чарлтон за жал не остана заедно. Иако Боби беше кум на свадбата на Џеки, браќата се разделија, а за се наводно била виновна сопругата на Боби, Норма. Според наводите на Џеки, таа не се сложувала со нивната мајка со која Боби го прекина контактот во 1992 и веќе никогаш не прозборел со неа. Боби во автобиографијата во 2007 наведе дека ништо од тоа не е вистина и дека ставот на неговиот брат е целосно погрешен.

Браќата целосно ги заладија односите, а последен пат заедно во јавноста се видени на погребот на нивниот поранешен соиграч Реј Вилсон во 2018 година, но немаа некој близок однос. Џеки почина на 11. јули годинава на 86 години.

Се вчитува...