Тажни вести од Србија: Во сообраќајка загина Миодраг Јешиќ, екс фудбалер и тренер на Партизан

Миодраг Јешиќ, поранешниот фудбалер и тренер на Партизан, загина во сообраќајна несреќа на патот Рума – Јарак. Имаше 64 години.

Несреќата с случила утрово во 10:30 часот, кога патничкото возило со кое управувал Јешиќ, од засега непознати причини се префрлило на лентата од спротивен правец, по што автомобилот директно удрил во камион со приколка.

Јешиќ загинал на лице место, додека полесни повредил добил возачот на товарното возило.

Јешиќ во својата кариера играше за Партизан како последен играч за врска и стопер. Целосната афирмација ја стекнува на почетокот на 80-тите години, кога станал стандарден во дресот на „црно-белите“, а потоа и во дресот на Југославија.

Покрај Партизан, играше и за Алтај и Трабзонспор. Неговата тренерска кариера е богата. Тој водеше неколку екипи во Србија, меѓу кои Раднички Ниш, ОФК Белград, па неколку пати беше на клупата на Партизан. Работеше и во Бугарија во Славија Софија и ЦСКА Софија, а последниот ангажман го имаше во Саудиска Арабија во Ал-Шолула.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

 

Се вчитува...