Тажно на Апенините: Италија и светот се збогуваат од Давиде Астори (ФОТО)

Тажни слики попладнево на Апенинискиот полустров… Италијанскиот фудбалски вљубеници, навивачите и фановите, но и целокупниот фудбалски свет се збогува од капитенот на Фиорентина, Давиде Астори кој од срцев удар почина на 31-годишна возраст.

Во Фиорентина се замрзнати сите активности на клубот. Навивачите му оддаваат последна почит на Астори кој утре требаше да потпише нов доживотен договор со тимот од Фиренца. Но, не го дочека тоа.

Шокирани по информациите за смртта на италијанскиот репрезентативец останаа буквално сите во фудбалска Европа.

Искрени зборови со огромна почит искажаа и Џанлуиџи Буфон и Антонио Конте и тренерот на Барселона, Валверде, а сочувство до семејството и најблиските искажаа буквално сите најголеми фудбалски клубови од Европа.

Се вчитува...