Тажно: Сестрата на Емилијано Сала моли да продолжи истрагата за нејзиниот брат

Сестрата на исчезнатиот аргентински фудбалер Емилијано Сала јавно замоли истрагата да продолжи. Ромина не може да верува дека потрагата по нејзиниот брат е откажана откако спасувачки тимови не успеаја да пронајдат никаква трага од пилотот и фудбалерот кои беа во исчезнатиот авион.

Полициските сили истакнаа дека мора да ја прекинат потрагата, со оглед дека не успеале да го пронајдат исчезнатиот авион „Пајпер Малибу“.

„Тие мора да се некаде. Во молам, во овој момент само сакам потрагата да продолжи. Тука има две семејства кои се уништени и ве молиме да ја продолжите потрагата“, изјави Ромина.

 

Се вчитува...