Тејшон Комер е нов кошаркар на ТФТ

Kошаркарскиот прволигаш на Македонија, ТФТ го потврди ангажманот на новиот кошаркар Тејшон Комер, кој доаѓа како огромно засилување за бековската линија. Станува збор за бек кој се одликува со исклучителна цврстина, лидерски квалитети и изразен натпреварувачки дух на теренот.

Комер зад себе носи значајно искуство и е познат по одличниот преглед на играта, способноста за контрола на натпреварите и одржувањето високо темпо во нападот.

Американскиот кошаркар доаѓа по одлична сезона на Универзитетот Невада, каде што се истакна како еден од клучните играчи. Тој ја заврши годината како трет стрелец во тимот со просек од 12,5 поени по натпревар, беше најдобар асистент со 3,7 додавања по меч, а придонесе и во одбраната како четврти со најмногу украдени топки (вкупно 20).

Се вчитува...