„Телеком арена“ ќе блеска: Се спрема македонско-турска фешта! (ФОТО)

И тоа како се загрева атмосферата пред вечерашната пресметка на Вардар и Фенербахче која не очекува на „Телеком арената“ во последното квалификациско коло за Лигата на Европа.

Веќе распродаден е најголемиот македонскиот стадион, па се очекуваат повеќе од 30.000 навивачи во живо да го следат спектаклот, од кои добар дел и фанови на турскиот клуб.

Но, наспроти евентуалната можност за несакни случувања, дел од навивачите веќе најавуваат дека нема простор за паника… Напротив, се подготвува македонско-турско фешта на „Телеком арената“. Тоа е и повикот на дел од вардаровите и турските навивачи кои во моментов го очекуваат почетокот на натпреварот!

Се вчитува...