Темелковски и Лазов ја продолжија верноста со Тиквеш

Ракометниот клуб на Тиквеш го подготвува списокот на играчи за новата натпреварувачка сезона во Суперлигата. Верноста со клубот ја продолжува и следната сезона ефективниот Евгениј Темелковски, откако забележа одлични настапи во претходната.

Покрај Темелковски, договорот е продолжен со ветеранот Орданчо Лазов, кој одлучи да игра ракомет најмалку уште една година.

Тиквеш ќе се натпреварува во групата Б на Суперлигата, а за ривали ќе ги има Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Пролет, Радовиш, Скопје, Јуниор Кисела Вода и Голден Арт.

Се вчитува...