Темелковски, Цветковски и Тарнер за посилен Вардар во продолжението од сезоната

Пред утрешното гостување на Куманово во 12. коло од Првата македонска кошаркарска лига, КК Вардар официјално промовираше три засилувања за пролетниот дел од сезоната.

Нови имиња кај „вардарци“ се довчерашниот кошаркар на Работнички, Славчо Темелковски, потоа Андреј Цветковски кој настапуваше за Куманово и гевгелиска Блокотехна како и американскиот плејмејкер Ник Тарнер кој доаѓа од австриски Грац. Пред преселбата на Стариот континент има настапи во НЦАА лигата во САД.

Тарнер во Вардар доаѓа на местото на Џуниус Провел, најдобриот стрелец во есенската полусезона кој кариерата ја продолжи во Грузија и таму ќе ја продолжи кариерата.

Како што информираат од Вардар, во клубот се враќаат и браќата Наумоски, Михаил и Адриан кои во првиот дел од сезоната беа во турски Галатасарај.

Се вчитува...