Тен Хаг го одби Баерн: Нема да го напуштам Ајакс

Тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг, нема да биде наследник на Нико Ковач на клупата на германскиот првак Баерн Минхен. Стратегот на холандскиот тим потенцираше дека нема да го напушти Ајакс среде сезона за да замине на „Алијанц арена“. Со тоа го тргна своето име од кандидатската листа за нов тренер на Баерн Минхен.

„Максимално сум фокусиран на Ајакс и сега размислувам единствено за утрешниот меч против Челси во Лигата на шампионите. Нема да го напуштам Ајакс на средина од сезоната. Чест ми е што моето име е меѓу кандидатите за нов тренер на Баерн Михен, но не би сакал воопшто и да говорам за тоа, бидејќи енергијата ни е потребна да се подготвиме за натпреварот против Челси“, изјави Ерик Тен Хаг.

Холанѓанецот во периодот од 2013 до 2015 година беше дел од Баерн Минхен и го предводеше вториот тим на баварскиот клуб. Во меѓувреме изгради одлична тренерска репутација и раководството на германскиот гигант го посакува за шеф на стручниот штаб. Во игра се и други имиња како Жозе Мурињо, Масимилијано Алегри, Ралф Рангник…

Се вчитува...