Тен Хаг: Јунајтед ќе игра без Варан до крајот на годината, но верувам дека ќе настапи на Мундијалот

Рафаел Варан се повреди на натпреварот против Челси на гостински терен и со тоа го загрози настапот на Светското првенство во Катар. Дефанзивецот на Франција се повреди при еден старт и веднаш замина во соблекувална.

Емоциите на неговото лице беа показател колку му значи настапот за Франција на претстојното Светско првенство во Катар. Ерик Тен Хаг истакна дека неговиот клуб со сигурност ќе остане без Варан подолго време, но дека постои надеж играчот да се опорави за предизвикот во Катар.

„Рафа има шанса да настапи на СП. Меѓутоа, нема да може да игра за Јунајтед до крајот на годината. Останува да видиме дали Дидие Дешамп ќе му даде доверба да ги брани боите на националниот тим, со оглед на ситуацијата со неговата повреда“, истакна менаџерот на Јунајтед.

Французите ќе ја бранат титулата во Катар, а ќе играат во групата Д заедно со Данска, Тунис и Австралија.

Се вчитува...