Тен Хаг: Кога ќе му дадеш три гола на Баерн, треба да не загубиш… се е против нас

Ерик тен Хаг има причина за загриженост по најновиот пораз на Манчестер Јунајтед, овојпат на гостувањето против Баерн Минхен со 4-3. „Црвените ѓаволи“ примија смешен гол по грешката на Онана за 1-0, по што до крајот на мечот бркаа негатива и со гол во самиот финиш намалија на конечни „минус еден“.

Холандскиот стратег направи неколку промени во стартниот тим, но тоа не вроди со плод, па резултатската криза на Јунајтед дополнително се продлабочи.

„Разочаран сум, не само јас, туку и сите фудбалери, бидејќи не бевме доволно внимателни. Кога ќе му дадеш три гола на Баерн Минхен, треба да не загубиш, во најмала рака да освоиш бод. Сепак, ова е период во кој се е против нас, ништо не ни поаѓа од рака и треба да најдеме начин да се консолидираме. На последните три средби имавме тешки противници, тоа е факт, претрпевме три порази и мораме што поскоро да застанеме на нозе. Онана дал изјава со која ја презема одговорноста за овој пораз, тоа е ОК, но да не заборавиме дека ова е тимски спорт и дека колективот победува и губи. Секогаш ќе има грешки, но другите мора да се тука за да помогнат да стигнеме до крајниот резултат што сите го посакуваме“, изјави Тен Хаг.

Се вчитува...