Тен Хаг: Ние сме Манчестер јунајтед, срамота е да немаш желба да победиш…

Ерик тен Хаг со право беше бесен на своите избраници откако Манчестер јунајтед беше декласиран со 3-0 на гостувањето во Севилја, неславно завршувајќи го настапот во Лигата на Европа.

„Црвените ѓаволи“ по елиминацијата на Барселона важеа за главни фаворити за трофејот, но синоќа целосно потфрлија, му дозволија на шпанскиот тим да доминира на теренот и по катастрофалните грешки на Мегваер и на Де Хеа заслужено беа елиминирани од ова европско натпреварување.

„Ние сме Манчестер јунајтед, срамота е да се игра вака. Мораме да бидеме подобри, тоа е дефинитивно, не можеме еден натпревар да бидеме на високо ниво, а на следниот да изгледаме вака како денеска. Загубивме многу битки, тие имаа повеќе желба за победа, а кога немаш желба да победиш, тогаш е многу тешко да стигнеш до резултатот што го посакуваш. Имаше бројни проблеми, не можеме да се криеме и да бараме алиби, без оглед на отсутните играчи бидејќи оние кои беа на теренот мораа да прикажат многу повеќе. Пропуштивме одлична можност да стигнеме до нов трофеј, но мораме што поскоро да го оставиме тоа зад нас и да се насочиме кон следните натпревари. Ова е Манчестер Јунајтед и не смееме да имаме толкави осцилации од еден до друг натпревар“, изјави Тен Хаг.

Се вчитува...