Тенерифе е новиот шампион во ФИБА Лигата на шампионите

Кошаркарите на шпански Тенерифе се освојувачи на годинашното издание на ФИБА Лигата на шампионите. Тие во финалето на Ф4 турнирот кој се одигра во Билбао славеа над Манреса со 87-98.

Првото полувреме помина во егал игра на двете страни. Првата четвртина му припадна на Тенерифе со два поени разлика, а втората Манреса ја доби со три, па на пауза замина со минимална предност од 50-49.

Клучен беше третиот период во кој Тенерифе одигра фуриозно постигнувајќи 33 поени, а по 30 минути на семафорот стоеше предност за номиналните гости од (67-82). До крајот Тенерифе рутински го приведе мечот за освојување на титула во третото по ранг европско натпреварување.

Сасу Салин со 18 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 24 поени на Чима Монеке.

Претходно во мечот за третото место Лудвизбург славеше над Хапоел Холон со 88-68.

Се вчитува...