Тенерифе сака да го врати Давид Бабунски во Шпанија, Дориан не помина во ФЦ Ос!

Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски би можел повторно да се врати во Шпанија, ако се суди според последните информации кои пристигнуваат од Пиринејскиот полуостров.

Како што пренесуваат дел од шпанските медиуми, второлигашот Тенерифе е заинтересиран за услугите на 23-годишниот поранешен фудбалер на Барселона и белградска Црвена Звезда, кој во моментов настапува во најсилниот јапонски шампионат, во редовите на Јокохама Маринос.

И од раководството на амбициозниот Тенерифе ја потврдуваат желбата да го засилат својот тим со еден од најдобрите млади македонски фудбалери кој беше дел од репрезентацијата која го реализираше најголемиот успех во историјата на македонскиот фудбал, со пласманот на Европското првенство во Полска.

Тенерифе минатата сезона само за малку не успеа да обезбеди место во шпанската Примера дивизија, откако во финалето од плеј-офот за влез во Првата лига загуби од Гетафе. Во новата сезона влегува со дополнително засилен буџет и амбиции за пласман во елитната шпанска лига.

ДОРИАН БАБУНСКИ НЕ СЕ ДОГОВОРИ СО ФЦ ОС, МОЖНА ПРЕСЕЛБА ВО ЈАПОНИЈА…

Дориан Бабунски, пак, изминатиов период беше на проба во редовите на холандскиот второлигаш ФЦ Ос, меѓутоа како што информираат Холанѓаните не успеале да се договорат со македонскиот младински репрезентативец за идна меѓусебна соработка.

Од холандскиот клуб, и на својата официјална интернет страница, наведуваат дека Доријан Бабунски најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во Јапонија. Но, сето тоа, најверојатно ќе зависи и од останувањето на Давид Бабунски на Далечниот Исток.

Се вчитува...