Венецуелскиот тенисер Гонзало Оливеира е суспендиран поради употреба на дрога, односно забранетата супстанца метамфетамин. На 5. февруари, Меѓународната тениска единица за интегритет (ITIA) објави Оливеира, кој по потекло е од Португалија, е официјално суспендиран.
Суспензијата на Оливеира трае од 17 јануари, а тој беше позитивен на метамфетамин на Челинџер во Мексико на 25 ноември, каде стигна до финалето.
Во моментов 245. тенисер во светот, еднаш дури 77. во двојки, е условно суспендиран и засега не се знае колку време ќе биде отстранет од тенисот. Она што е познато е дека Оливеира одлучи да не се жали на одлуката на ITIA.
Додека е суспендиран, му е забрането не само да учествува на турнири, туку и да присуствува на кој било професионален тениски натпревар, па дури и како гледач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА