Тенисерите изборија пласман во третата група во Дејвис купот

Македонската Дејвис куп репрезентација се пласираше во третата светска група откако денеска ја совлада Молдавија со 2-1. Киксот и поразот од Сан Марино не значеше ништо за нашите тенисери кои ги добија сите останати мечеви против Косово, Андора и Молдавија.

Денеска младиот Калин Ивановски со убедливи 2-0, по сетови 6-1 и 6-1 славеше над скоро илјада места подобро пласираниот на АТП листата од него Андреј Горба, додека во вториот сингл меч Горазд Србљак беше подобар од Максим Казак (6-1 и 6-0). Во двојки Марковски и Мицов при водство од 1-0 во сетови мораа да го предадат мечот против Горба и Казак.

 

Се вчитува...