Тенисерите нема да одат во карантин во Мајами, наградниот фонд помал од претходните години

Мастерсот во Мајами годинава ќе биде одржан, по откажувањето на ланското издание поради пандемијата од коронавирусот. На мечевите ќе присуствува ограничен број публика, а наградниот фонд ќе биде многу помал.

Победниците ќе заработат по „само“ 330.000 долари, а на последниот одржан турнир во 2019 година шампионите Роџер Федерер и Каролина Плишкова инкасираа по 1.354 милиони. Исто така најавено е дека тенисерите нема да мора да одат во карантин по доаѓањето во Флорида, нешто што не беше случај на австралиската турнеја каде сите мораа да поминат 14 дневен карантин.

Традиционално првиот мастерс во сезоната, Индијан Велс и сезонава нема да се игра, па затоа Мастерс 1000 турнејата ќе почне со турнирот во Мајами кој на програмата е од 22. март до 4. април.

Се вчитува...