Тенисерите предводени од Ѓоковиќ направија вистински хаос пред стартот на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ и голем број тенисери ги критикуваат организаторите на Ролан Гарос за нискиот удел во наградниот фонд, и покрај рекордните приходи на турнирот.

На крајот од месецот започнува вториот гранд-слем во сезоната, Ролан Гарос, но атмосферата пред турнирот беше разбранувана од критиките од најдобрите тенисери во светот на сметка на организаторите.

Иако е објавено дека наградниот фонд ќе изнесува рекордни 61,7 милиони евра, водечките играчи веруваат дека ова само создава впечаток на подобрување. Новак Ѓоковиќ, Јаник Синер, Коко Гоф и Арина Сабаленка потпишаа заедничка изјава во која го оспоруваат начинот на распределба на парите на еден од четирите најголеми турнири.

Тие истакнуваат дека зголемувањето од 9,5% на наградниот фонд не е доволно и дека се чини симболично, особено во однос на проценетите приходи од турнирот, кои би можеле да достигнат дури 400 милиони евра оваа година:

„Во 2023 година, Ролан Гарос оствари приход од 395 милиони евра, што е зголемување од 14 проценти, додека наградниот фонд порасна само за 5,4 проценти. Како резултат на тоа, учеството на играчите во приходите падна на само 14,3 проценти. Со проценети заработки од над 400 милиони оваа година, процентот за играчите веројатно ќе падне под 15 проценти, далеку под 22 проценти што играчите се стремат да ги доведат гранд-слем турнирите на исто ниво со стандардите на АТП и ВТА турнеите. Додека Ролан Гарос се подготвува за рекордна заработка, играчите добиваат помал дел од вредноста што самите ја создаваат. Уште полошо, нема дијалог за благосостојбата на играчите и нема формален механизам за консултации при донесување одлуки“, се вели во соопштението на тениските професионалци.

Се вчитува...