Тенисерите убедливи против Косово во првото коло од Дејвис купот

Тениската репрезентација на Македонија, со триумф од 3-0 против Косово го стартуваше настапот во Четврттата група во Дејвис купот. Во првиот меч Калин Ивановски не му дозволи ниту гем на Бајралиу.

Во вториот натпревар Горазд Србљак имаше „малку потешка“ задача бидејќи триумфираше над Силаси со 6-0 и 6-1. Одличен настап во двојки имаа и Ивановски и Мицов кои со 6-1 и 6-1 беа подобри од двојката Мустафи Зуљи.

 

Се вчитува...