Тенисерка жртва на крадци – Остана без медалите од ЛОИ

Руската тенисерка Елена Веснина била жртва на крадци кои од нејзината куќа ги украле двете олимписки медали и одредена количина накит.

„Со сопругот бевме на вечера, а кога се вративме во куќата востановивме дека двете олимписки медали се украдени, како и нешто накит. Кратците успеале да го обијат сефот“, изјави Веснина. 

Веснина има две медали на Летните олимписки игри откако во Рио во 2016 го освои златото во женски двојки, додека во Токио годинава се закити со бронзениот медал во мешани парови.

Се вчитува...