Тенисерките убедливи против Алжир на Фед-купот во Финска

Фед Куп репрезентацијата на Македонија денеска победи со убедливи 3-0 против селекцијата на Алжир  во 3. коло на Фед-куп натпреварите во Финска.

Во првиот меч, Магдалена Стоилковска ја победи Инес Бекрар со 2-1, во сетови 3-6,6-3,6-0, додека во вториот меч во поединечна конкуренција нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа славеше со убедливи 6-1,6-0 против Јасмин Буџади.

Во натпреварот во двојки, Ѓорческа и Стоилковска ги победија Буџади/ Бекрар со 6-1,6-2.

Се вчитува...