Тенисерките загубија од Кипар во Фед-купот

Женската тениска репрезентација на Македонија со пораз од Кипар од 2-1, ги заврши настапите во групата Б од третата Евро/африканска зона во Фед купот.

Во првиот меч Елени Луока лесно ја совлада Магдалена Стоилковска со 6-2 и 6-0, а најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со 6-3 и 6-2 беше поразена од 205-та тенисерка во светот Ралука Сербан.

Во двојки шанса добија големите надежи на македонскиот тенис, 14-годишната Александра Симева и две години постарата Ана Ристовска кои го добија кипарскиот пар Константину и Хаџигеоргиу со 2-0, по сетови 6-2 и 6-2.

Утре нашите тенисерки во борба за петтото место ќе се сретнат со репрезентацијата на Малта.

Се вчитува...