Тениската федерација на Косово со осуда за Ѓоковиќ и Србија

Тениската федерација на Косово реагираше на случувањата во пресрет на натпреварот меѓу Србија и Велика Британија во Дејвис купот. Српските тенисери излегоа на теренот во Малага со песната „Весели се српски роде“, која беше осудена во Приштина.

„Жално е што ваквите провокации со националистички песни и акции се случуваат на големите спортски настани, особено на Дејвис купот. ИТФ како организатор на натпреварот е одговорна и соучесничка за оваа провокација против државата Косово“, се вели во соопштението.

Тениската федерација на Косово најави и дека во координација со институциите ќе поднесе жалба до ИТФ, Меѓународниот олимписки комитет и други релевантни институции.

Се вчитува...