Карлос Алкараз ги шокираше своите фанови откако објави дека ќе го пропушти вториот гранд-слем во сезоната Ролан Гарос. Алкараз се повреди во својот прв натпревар во Барселона, во победата над Ото Виртанен.
Шпанецот се повлече од Барселона по тој дуел, но првично се сметаше дека тоа е само мерка на претпазливост пред Мадрид, Рим и Ролан Гарос. Сепак, наскоро се појавија фотографии на кои Алкараз е со сериозен завој околу зглобот, а почнаа да се шират гласини дека повредата е посериозна отколку што првично се мислеше.
Потврдата дојде брзо, откако вториот светски рекет потврди дека нема да игра на турнирот во Париз.
„По резултатите од тестовите што ги извршивме денеска јас и мојот тим одлучивме дека е најразумно да бидеме претпазливи и да не учествувам во Рим и Ролан Гарос, сè додека не го процениме понатамошниот развој на ситуацијата и не одлучиме кога ќе се вратам на теренот. Ова е лош момент за мене, но сигурен сум дека ќе излезам од ова посилен“, напиша Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

