Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, се осврна на објавата и критиките упатени кон Ролан Гарос. Најдобрите тенисери во светот го изразија своето незадоволство од прераспределбата на парите на парискиот гренд слем.
Тие мислат дека заслужуваат повеќе отколку што добиваат, а Ѓоковиќ, Синер, Алкараз, Зверев, Гоф, Швјонтек, Пегула исто така беа потписници…
„Апсолутно, кога ќе ги видите бројките и сумите што ги добиваат играчите. Чувствувам како да правиме претстава. Чувствувам дека без нас немаше да има турнир и забава. Навистина верувам дека заслужуваме поголем процент. Што да кажам? Само се надевам дека сите преговори што ги водиме, во одреден момент, ќе доведат до вистинска одлука, до решение што ќе ги задоволи сите“, рече Сабаленка.
Таа најави, можеби, некаков порадикален протест.
„Мислам дека ќе го бојкотираме во одреден момент. Чувствувам дека тоа ќе биде единствениот начин некако да се бориме за нашите права“, истакнува Арина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
