Тенискиот свет во шок: Срамен потег кон Ѓоковиќ на публиката во Лондон

Добар дел од поранешни и актуелни тениски ѕвезди упатија сериозни критики кон публиката во Лондон за однесувањето на вчерашниот натпревар меѓу Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ, и крајно негативниот однос кон српскиот тенисер.

Меѓу нив и Грег Руседски кој смета дека публиката демонстрирала тотална спортска некултура со понижувањето на Ѓоковиќ по секоја негова грешка. Србинот беше „наградуван“ со овации и аплаузи после секоја неизнудена грешка…

„Тоа е апсолутна непочит, понижување, спортска некултура… кога аплаудирате на неизнудена грешка. Замислете прави двојна грешка а на трибините овации. Па потоа таа грешка секако се повторува. Ѓоковиќ не можеше никако да добие мир. Тоа е нешто ненормално. Навистина некоректно. Тажен сум поради Ѓоковиќ кој е голем, голем шампион и покрај тоа што секогаш има таков третман од трибините со ништо не испровоциран“ – вели Руседски.

 

По вчерашниот натпревар Ѓоковиќ, како и секогаш коректен, на официјалната прес-конференција не сакаше да го коментира однесувањето на публиката.

Се вчитува...