Тензичен крај на дербито… Имаше или не пенал за Шкендија!? (ВИДЕО)

Одлична дерби пресметка во Тетово на отворањето на новата прволигашка сезона која заврши со поделба на бодовите (2-2) меѓу Шкендија и Вардар.

Дербито, на крајот, заврши во тензична атмосфера откако во 95. минута под една крајно сомнителна ситуација главниот судија Александар Ставрев не досуди пенал за Шкендија… По едно нафрлање од левата страна, домашните сметаа дека топката во рака го погоди дефанзивецот на Вардар, Евгениј Новак. Но, Ставрев не се осуди да покаже на белата точка.

Имаше или не пенал за Шкендија оценете сами…

Се вчитува...