Полуфиналето на тенискиот турнир во Санкт Петерсбург мина по знакот на инцидент во кој беа инволвирани Денис Шаповалов и еден од гледачите на трибините. Во клучниот момент од пресметката меѓу Шаповалов и Андреј Рубљов се случи скандал. Кандскиот тениср не можеше да ја поднесе вревата што ја правеше еден од навивачите на неговиот противник.
Во моментот кога Рубљов имаше брејк топка во третиот решавачки сет, Шаповалов го промаши првиот сет, а навивачот почна да аплаудира. Непријатната ситација предизвика 12. тенисер во светот да го загуби поенот. Тогаш Шаповалов почна да вика.
„Излези надвор. Ова го прави во текот на целиот меч. Исфрлете го. Не заслужува да биде овде“ – викаше канадскиот тенисер.
Ситуацијата набрзо беше смирена, но Шаповалов не можеше да најде вистински ритам и го загуби полуфиналето. Рубљов за титулата, во финалето ќе игра против Борна Чориќ.
Shapovalov not happy with someone in the crowd making constant disruptions. “Get outta here” He wanted the guy evicted. (?TennisTV) pic.twitter.com/pNfGnmCi0a
— tennis gifs ?? (@tennis_gifs) October 17, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА