Тензично е во Љубљана: Словенците „заглавија“ на аеродром, авионот во дефект

Селекторот на Словенија, Матјаж Кек, е нервозен откако експедицијата на нашиот следен ривал остана заглавена на аеродромот во Љубљана поради технички проблем со авионот.

Словенците требаше да полетаат кон Скопје во 11 часот, но принудени се да чекаат подолго време на аеродромот поради проблеми со климатизацијата во авионот.

„Еден од двата системи не функционира и се чека да биде поправен, бидејќи авионот не смее да полета со ваков проблем“ – информираат словенечките медиуми.

Останува да се види кога оваа селекција ќе пристигне во Скопје и дали ќе може да го одржи тренингот на националната арена „Тодор Проески“, закажан за 18.30 часот.

Се вчитува...