Тензично „вечно дерби“: Ц. Звезда за две минути го реши Партизан, за недостижни +9!

Црвена Звезда е многу блиску до титулата во шампионатот на Србија откако со 2-1 славеше во „вечното дерби“ против Партизан.

„Црвено-белите“ во меч со многу тензија на кој му претходеа и судите меѓу двете навивачки групи по улиците на Белград, триумфот си го решија во само две минути. Најпрво стрелаше Радоњиќ во 18. минута…

А, потоа во 20. минута погоди и Пешиќ за 2-0…

Партизан со голот на Озеговиќ во осмата минута од судиското продолжение, во последните секунди од мечот, успеа само да го ублажи поразот.

Дербито го одбележаа и бројни инциденти на трибините поради што мечот и во неколку наврати беше во прекин.

Како и да е, Црвена Звезда сега е на +9 бода од второпласираниот Партизан, се чини сега веќе недостижни за „црно-белите“ во трката за шампионската титула.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...