Тензично во Италија: Манчини има три дилеми за баражот со Македонија

Роберто Манчини беше уловен на неколку натпревари од Серија А во последно време, сето тоа како подготовка и менаџерски скаутинг на играчите кои редовно се дел од репрезентацијата на Италија.

Аткуелниот европски првак за точно 10 дена ќе ја пречека Македонија на „Ренцо Барбера“ во полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенств, дуел пред кој италијанските медиуми почнуваат со анализа на тимот кој би требало да излезе на теренот.

Угледната „Газета“ денеска подготви специјална вест за натпреварот меѓу Италија и Македонија и нагласи дека Манчини има најмалку три дилеми за стартната постава, а тоа се во одбраната и офанзивната линија.

Респектабилниот весник со седиште во Милано открива дека селекторот Манчини му се јавил на Џанлуиџи Донарума и го охрабрил по големата грешка која ја направи против Реал Мадрид, уверувајќи го дека неговото место во селекцијата е недопрено и дека со нетрпение ја чека средбата на првиот собир.

Според информациите, Манчини сериозно размислува да остане без еден од столбовите во одбраната, бидејќи Џорџо Кјелини влече повреда веќе извесно време, а играње против Македонија може да се смета за ризик. Поради тоа, се верува дека Бонучи ќе има друг партнер на стоперските позиции, а тоа ќе биде Бастони или Ачерби.

Втората дилема на Манчини е на левата крилна позиција, каде се двоуми дали да игра со Лоренцо Инсиње, или пак да му даде шанса на разиграниот капитен на Рома, Лоренцо Пелегрини. За крај, „Газета“ уверува дека селекторот планира во стартната постава да го задржи и Чиро Имобиле, но размислува да му даде шанса и на Андреа Белоти кој игра одлично за Торино откако ја санираше повредата.

Инаку, од претходно познато е дека Федерико Киеза поради тешката повреда нема да игра против Македонија, но затоа во нападот шанса се очекува да добие и Берарди на десната крилна позиција.

Се вчитува...