Тео Хернандез од Реал оди на позајмица во Сосиедад

Фудбалерот на Реал Мадрид, Тео Хернандез, претстојната сезона ќе ја мине како позајмен играч во редовите на Реал Сосиедад. Двата клуба се договорија за едногодишна позајмица, без можност за комплетно откупување на договорот. Тоа значи дека по завршувањето на сезоната Тео Хернандез повторно ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“.

Новиот тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, смета дека најдобра опција за левиот бек е да добие полна минутажа во друг клуб, наместо да седи на клупата за резерви и да чека шанса крај Марсело, кој секако е прв избор за левата странична позиција.

Тео Хернандез минатата сезона забележа само 13 настапи за Реал Мадрид во сите конкуренции.

Се вчитува...