Тео Хернандез од Реал во Реал

Тео Хернандез по разочарувачката прва сезона во Реал Мадрид ќе биде пуштен на позајмица во друг клуб за со зголемена минутажа да си ја врати самодовербата.

Како опција се споменуваше премиерлигашот Фулам, но весникот „Марка“ тврди дека следниот клуб на левиот бек е веќе познат – Реал Сосиедад. Според мадридскиот весник, клубовите веќе ги договориле сите детали, условите ги прифатил и самиот фудбалер, а трансферот ќе биде комплетиран по завршувањето на американската турнеја на „кралевите“.

Тео Хернандез пред две сезони играше извонредно во дресот на Алавес, каде беше на позајмица од Атлетико, па Флорентино Перез со многу мака се договори за да го доведе овој дефанзивец за кого се интересираше и Барселона. Сепак, тој остана во длабока сенка на Марсело, на оние натпревари на кои добиваше шанса беше предалеку од посакуваното ниво, па сега и Хулен Лопетеги даде зелено светло за негово заминување на позајмица.

Се вчитува...