Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Теодор Симиќ, ја продолжува кариерата во САД. 22-годишниот центар потпиша за екипата на УТ Арлингтон од Тексас, која се натпреварува во најсилната дивизија од американската колеџ лига (NCAA Division 1).
Симиќ зад себе има интернационална кариера која ја започна на 14-годишна возраст во школата на Барселона. Во минатото настапуваше и за шпански Прат, како и за Борац Бања Лука во БИХ.
Во домашниот шампионат ги бранеше боите на ТФТ Скопје и на Кожув.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
