Теодосиќ во „тимот на деценијата“ на Евролигата (видео)

Милош Теодосиќ е најновиот член на „тимот на деценијата“ во Евролигата, објави денеска елитното кошаркарско клупско натпреварување на својата официјална веб-страница.

Српскиот кошаркарски генијалец во изминатата деценија ги предводеше своите тимови до седум учества на фајналфор турнирите, промовирајќи се во еден од најдобрите плејмејкери во европската кошарка. Тој беше избран за најмлад МВП во историјата на Евролигата, носејќи го дресот на Олимпијакос во сезоната 2009/19, во која во финалето грчкиот гигант загуби од Барселона. Во 2011 година тој се пресели во ЦСКА, каде во шест години имаше исто толку учества на фајналфор турнирите, а во 2016 се закити и со титулата во Евролигата.

Милош Теодосиќ е еден од само двајцата кошаркари во историјата на Евролигата со над 2.500 поени и 1.000 асистенции во деценијата, рамо до рамо со Василис Спанулис.

Се вчитува...