Поранешниот српски кошаркар и подоцна тренер, Милан Гуровиќ доби забрана за вршење на тренерската задача во следните шест месеци поради инволвираност во конфликтот кој се случи на младински натпревар кај северниот сосед.
Гуровиќ е основач на КК Реал, а неговиот тим важи за еден од најдобрите во младинските категории во Србија, но наместо за добрите настапи во изминатиот период стана познат во јавноста по физичкиот конфикт кој се случи на самиот крај на средбата против КК Визура.
Имено, тимот на Гуровиќ славеше во неизвесна завршница со 74-73, а поздравувањето на младите кошаркари заврши со физичка пресметка на која се вклучи и самиот Гудуриќ. Србинот се појави на теренот без маица, само со шорцеви и самиот се пресмета со младите деца.
AHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHA ALI GUROVIĆ pic.twitter.com/VIXDrNVfc7
— sara (@dantes_circles) May 16, 2024
Покрај суспензијата, Гудуриќ беше казнет со 250 илјади динари, а казна од 100 илјади динари доби и неговиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА