Тепачот Нанели нема да игра во Суперлигата на Србија

Јасно беше дека КК Партизан нема да може да смета на сите странци во полуфиналната серија од српската Суперлига, а денеска и официјално беше објавено како ќе изгледа црно-белиот тим на мечот со Мега.

Во тимот нема да биде Џејмс Нанали, можеби најдобриот играч на Партизан оваа сезона. Најстариот играч на тимот беше вклучен во инцидент што му претходеше на третиот натпревар кога влезе во тепачка со Стефан Лазаревиќ од Црвена звезда.

„Утре ја започнуваме кошаркарската лига на Србија во ситуација која е премногу деликатна што се однесува до нас, имаме многу повредени играчи и некои други проблеми. Но, во каква ситуација и да се наоѓаме, секогаш е најважно играчите и ние да реагираме на вистински начин и да покажеме се што знаеме, да дадеме се од себе и најсериозно да ја играме српската кошаркарска лига, тоа е единствената желба што ја имаме“, изјави Жељко Обрадовиќ. 

Се вчитува...