Откако стана јасно дека за него нема иднина во Барселона, Тер Штеген може да ја напушти екипата, и покрај тоа што досега ги негарише сите шпекулации за негово заминување. Германецот наводно сака да го одработи целиот договор.
Тер Штеген ќе биде резервна опција, откако Барселона го ангажираше Жоан Гарсија од Еспањол како прв голман, а наскоро и Војчех Шчесни ќе го продолжи договорот. Тер Штеген сега има понуда од Интер, таму да ја продолжи кариерата, откако е јасно дека од тимот заминува Јан Зомер, кој е на пат кон Галатасарај.
Тер Штеген во минатото беше дел од Борусија Менхенгладбах, а долги години е во Барселона, каде стана капитен и еден од незаменливите. Но, откако ја пропушти целата мината сезона, од Барселона наводно не се задоволни од неговите перформанси по „кам-бекот“, и затоа сакаат да направат смена на голманската позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА