Тер Штеген: Не сум будала да си одам од Барселона

Марк Андре тер Штеген ги демантираше гласините дека во текот на летово би можел да ги промени клупските бои, истакнувајќи ја својата лојалност кон Барселона. Германецот се уште се нема договорено за продолжување на актуелниот договор што истекува во јуни 2021 година, но очекува следните рунди преговори со каталонскиот гигант да вродат со плод.

„Читав одредени шпекулации дека сум сакал да си заминам, но тоа се обични измислици. Не сум будала да си одам од Барселона, ова е најдобриот тим во светот. Јас се чувствувам прекрасно во него, моето семејство е презадоволно од животот во Барселона, не гледам ниту една причина да менувам нешто. Моите агенти разговараат со клупските директори, очекувам наскоро да се најде заеднички јазик и да го потпишам новиот договор“, истакна Тер Штеген.

Германскиот репрезентативец ја чинеше Барса само 14 милиони евра при трансферот од Борусија Менхенгладбах, извонредна инвестиција ако се знае дека тој експресно се наметна како еден од најдобрите голмани во европскиот фудбал.

Се вчитува...