Тер Штеген останува во Барселона до 2025 година

Германскиот голман Марк Андре Тер Штеген ќе остане во Барселона до 2025 година. Раководството на каталонскиот гигант му понуди договор за нова тригодишна соработка што чуварот на мрежата одлучи да го прифати. Неговиот агент ги договори речиси сите детали, а потписот ќе следи по завршувањето на сезоната.

Германецот ќе потпише всушност нов петгодишен договор со важност од август и со подобри лични услови. Тој досега заработуваше 8,5 милиони евра по сезона, што во перспектива ќе се зголеми и до 10 милиони евра годишно, плус дополнителни бонуси.

Тер Штеген дојде на „Камп Ноу“ во 2014 година од Борусија Менхенгладбах, а досега одигра 142 натпревари за каталонскиот тим. За репрезентацијата на Германија забележа 24 настапи.

Се вчитува...