Тер Штеген уште има кошмар од Рим – прими гол од пола терен од Флоренци

Марк Андре Тер Штеген ќе се обиде да ја продолжи серијата одлични настапи на голот на Барселона, но германскиот голман откри дека се уште го памети своето последно гостување во Рим, каде го прими еден од најубавите голови во историјата на ЛШ.

Мечот се играше пред две години и заврши 1-1, а остана запаметен по неверојатниот погодок што Флоренци го постигна, од половина терен матирајќи го Тер Штеген.

„Добро го паметам тој гол на Флоренци. Сега многу повеќе внимавам на шутевите од половина терен, тој момент само ме направи посилен. Имаме одлична предност, но се уште не сме во полуфиналето. Мораме да останеме приземјени и да играме најдобро што знаеме, никогаш не е лесно да се биде гостин во Лигата на шампионите“ – изјави чуварот на мрежата на Барса.

Се вчитува...