Тери доби понуда која тешко се одбива

Џон Тери уште е без клуб откако на крајот од минатата сезона се одлучи да ја напушти Астон Вила.

Искуниот дефанзивец пред себе изминатиов период имаше неколку интересни понуди, но се уште не одлучич дали ќе ја продолжи кариерата или дојде моментот за пензија.

Англиските медиуми наведуваат дека Тери веќе размислува за тренерска кариера што сега му е главен приоритет. Сепак, „Скај спортс“ се надева дека ќе го наговорат Тери да се откаже некое време од тренерскиот ангажман, и дека ќе се приклучи на екипата стручни коментатори на оваа телевизија.

„Скај спортс“ имаат едно испразнето место за новата сезона од Премиер лигата откако Тјери Анри одлучи да се откаже од коментаторството. Телевизијата, доколку Тери се согласи да се впушти во овие води, подготвува богата понуда за него.

Се вчитува...