Термини за ЛШ: Вардар тргнува од Франција во саботно попладне

Вардар ќе ја почне одбраната на титулата во Лигата на шампионите на гостински терен против Монпелје, натпревар што ќе се игра на 14 септември (сабота) со почеток во 17.15 часот. ЕХФ во соработка со клубовите учесници и ТВ куќи кои ги имаат откупено ТВ правата ги одредија термините и саатниците за првите 10 кола од групите во ЕХФ лигата на шампионите.

Денеска беа обелоденети термините за првите десет кола од групната фаза, а дополнително ќе се одредат точните датуми за последните четири натпревари, кои се закажани од февруари 2020 година.

Вардар се наоѓа во група со екипите на Веспрем, Мотор Запорожје, Кјелце, Порто, Кил, Монпелје и на Брест Мешков.

Распоред и термини:

1 коло – 14 септември (17,15 часот): Монпелје – Вардар

2 коло – 22 септември (17 часот): Вардар – Порто

3 коло – 29 септмеври (18 часот – локално време): Мотор – Вардар

4 коло – 12 октомври (17,15 часот): Вардар – Кил

5 коло – 19 октомври (17,15): Веспрем – Вардар

6 коло 3 ноември (19 часот): Вардар – Мешков

7 коло – 9 ноември (17,30): Вардар – Кјелце

8 коло – 13/17 ноември: Кјелце – Вардар

9 коло – 23 ноември (18 ч. – локално време): Мешков – Вардар

10 коло – 1 декември (17 ч.): Вардар – Веспрем

Се вчитува...