Тешка борба во Полска: Вардар во негатива од три гола на полувремето (17-14)

Како и што се очекуваше тежок натпревар за Вардар на гостувањето против Киелце во 8. коло од Лигата на шампионите. Тешко прво полувреме во кое црвено-црните се со негатива од три гола, 17-14.

Од самиот старт домаќините тргнаа агресивно навестувајќи дека се цврсто решени да дојдат до триумф на овој дуел. Па, брзо поведоа со два гола разлика а потоа во континуитет одржувајќи ист ритам стигнаа и до пет гола предност (15-10) во 23. минута од средбата. Сето тоа за финални 17-14 по првите 30 минути.

Најефикасен во редовите на Вардар е Скубе со 4 гола, а по три гола во првото полувреме запишаа Стоилов и Дибиров. Најефикасен, пак, кај Киелце е поранешниот „вардарец“, Игор Карачиќ.

 

Се вчитува...