Тешка група во квалификациите: Кошаркарите против Литванија, Полска и Естонија

Кошаркарската репрезентација на Македонија ги доби противниците за пласман на Европското првенство 2025 година.

„Црвено-жолтите“ на денешната ждрепка се најдоа во групата Х заедно со големиот фаворит Литванија, репрезентацијата на Полска и Естонија.

Од секоја од групите по две репрезентации одат на Евробаскет, но бидејќи Полска е еден од домаќините на шампионатот, нашите репрезентативци повторно ќе треба да бидат подобри само од Естонија, репрезентација која не елиминираше во квалификациите за минатиот шампионат.

Се вчитува...